Уапсен српскиот бизнисмен Горан Перчевиќ

 

Српскиот бизнисмен Горан Перчевиќ, сопственик на компанијата „Интеркомерц“ и поранешен член на раководството на Социјалистичката партија на Србија (СПС), беше уапсен под сомневање за злоупотреби во износ од милиони евра.

Перчевиќ е уапсен во стан на свој пријател, кој исто така е приведен.

Српскиот министер за внатрешни работи Небојша Стефановиќ изјави дека апсењето на Перчевиќ е за злоупотреби во врска со обезбедување на кредити од Универзална банка за различни фирми. 

Злоупотребувајќи ја функцијата, тој договарал лично со раководителите на Универзална банка одделување кредити за одредени фирми. 

Стефановиќ истакна дека на одредени фирми им се одобрени 34 кредити со вкупна вредност од над 1,4 милијарди динари, за кои претходно се знаело, дека не можат да бидат вратени. 

Компанијата „Интеркомерц“ е еден од најголемите должници на Универзална банка, каде должи милијарда динари.

Перчевиќ беше основач и претседател на младинската организација на СПС, а подоцна стана и нејзин потпретседател. Во ноември 2000 година, тој ја напушти партијата.

16.11.2014 - 13:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега