ИД повторно напаѓа - погубила американски хуманитарен работник

 

Екстремистичката џихадистичка организација Исламска држава објави денеска дека го погубила американскиот хуманитарен работник Питер Касиг, како предупредување до САД.

Исламска држава објави виде снимка на која маскиран екстремист стои над отсечена глава и тврди дека го погубил Касиг.

Тој е погубен, иако за време на заробеништвото премина во ислам и го зема името Абдул-Рахман.

Касиг (26) е киднапиран на 1 октомври 2013 година на патот за градот Деир Езор во Источна Сирија. 

Тој е поранешен воен ренџер кој ја основа хуманитарната организација „СЕРА“ во Турција со цел да помага на бегалците во Сирија и снабдуваше бегалски кампови со храна и мединска опрема

16.11.2014 - 12:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега