Втор круг од претседателските избори во Романија

 

   Актуелниот премиер Виктор Понта е во предност пред својот противкандидат лидериот на десниот центар Клаус Јоанис во претседателските избори за кои се очекува вториот круг денес.

Според резултатите од анкетите Понта (42), лидер на владејачката Социјалдемократска партија (ПСД), има поддршка од 54 отсто од Романците.

Неговиот противник во вториот круг Јоанис (55), претседател на Христијанско-демократската партија, е потомок на германското малцинство и актуелене популарен градоначалник на Сибиу, град во Трансилванија.

Од 14 кандидати, колку што учествуваа во првиот круг на претседателските избори одржани на 2 ноември, Понта освои над 40 отсто од гласовите, додека на Јоанис му припаднаа 30,5 отсто од гласовите.

Победата на Понта би можело да ја загрози независтноста на правосудството но позитивно би се изразила на политичката стабилност на државата.

16.11.2014 - 12:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега