ФОТО: Свиња изела две годишно дете

Двегодишниот Ваи Тсаа од Кина го убила и делумно изела свиња во моментот кога тој влегол во свињарникот додека неговите родители биле во домот.

Малото момче си играло во дворот, па лазејќи дошол до свињарникот и успеал да влезе во него, каде се наоѓала свињата со прасињата. Таа најверојатно го нападнала детето плашејќи се за своите млади. Свињата почнала да ја џвака главата на детето, пишува Дејли Мејл.

 

Кога го слушнале врисокот на детето, родителите истрчале надвор, но било предоцна.

-Влеговме внатре во куќата само за неколку минути, а потоа слушнавме крици. Кога излеговме надвор ја видовме свињата на 80 метри од над како ја џвака главата на синот, изјавил избезумениот татко Сун (25).

 

Набрзо дошле соседите кои го грабнале животното и го врзале за дрво, а потоа го убиле. Во утробата на свињата биле пронајдени фрагменти од черепот на момчето и коса, а тоа им било покажано и на полицајците како доказ дека свињата го изела момчето.

Портаролот на полицијта изјавил дека свињите се питоми животни, но кога се трудни или штотоку опрасени се однесуваат заштитнички кон младите и може да бидат опасни за се што ќе помислат дека е потенцијална опасност.

16.11.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега