Нападнат премиерот на Абхазија

 

 

 Премиерот на Абхазија, Беслан Бутба, се здоби со телесни повреди откако синоќа е нападнат, а неговите напаѓачи се уапсени, изјави министерот за внатрешни работи Раул Лула.

Тој изјави дека автомобилот, во кој се наоѓал Бутба со семејството пресретнал едно возило, од кое излегле двајца мажи, го нападнале премиерот и му нанеле телесни повреди, по што побегнале.

Бутба во тој момент немал обезбедување.

Полицијата, по нападот, на контролниот пункт пресретнала возило во кое се наоѓале двајцата напаѓачи и една жена, и ги уапсила

16.11.2014 - 11:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа