Министер доживеа несреќа, автомобилот целосно уништен

 

Српскиот министер за енергетика и рударство Александар Антиќ доживеал сообраќајна несреќа на магистралниот пат помеѓу Неготин и Зајачар, додека се враќал од Кладово каде ја отворил првата соларна електрана во Србија, пишуваат српските медиуми.

Министерот и неговиот возач се здобиле со полесни повреди, а автомобилот бил целосно уништен.

-Автомобилот е уништен, се се случи премногу брзо. Не можев се да видам, бидејќи во тој момент разговарав на телефон. За среќа жив сум, згмечен, но жив, изјавил српскиот министер за Телеграф.рс.

Службеното возило „Ауди“ од непознати причини излетало од патот, па се лизгало стотина метри во канал.

16.11.2014 - 10:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа