Мојот мускулест дечко е роден како девојче- шок и неверување за една девојка

20- годишната Шарлот Ури се шокирана кога нејзиниот 23- годишен дечко Кијеран Молони и открил тајна која ја криел целиот свој живот. Кијеран на својата девојка и покажал слики од детството кои буквално ја избезумиле. Сепак, оваа приказна е доказ дека вистинската љубов може да победи сè.

Имено Шарлот кога почнала да излегува со високиот мускулест Кијеран, не ни помислила дека нека нејзиниот дечко пред само 10 години бил всушност татина и мамина принцеза.

Најголемиот шок за Шарлот бил денот кога Кијеран и соопштил:

- „Драга, имам нешто да ти кажам“, по што признал дека пред 7 години го променил полот покажувајќи и слика од детството: „Шарлот, јас сум роден како девојче, се викав Кјара.“

- Бев шокирана и изненадена. Тој е мажествен и мускулест и јас навистина го сакам онаков каков што е и никогаш не би го сменила. Биологијата не е важна, тој е мојот најдобар пријател и јас ќе останам со него.

Парот планира наскоро да стапи во брак и да имаат бебе.

 

- Кога ја запознав Шарлот, ме воодушеви нејзината убавина и добрина и се плашев да и ја кажам својата тајна. Ми требаше да помине некое време, за да стекнеме доверба еден во друг. Сите други девојки ме оставаа штом ќе им ја кажев вистината, но Шарлот е поинаква. Таа е неверојатна! – изјавиле Кијеран, кој одлучил да го промени полот на свои 14 години откако ја изгубил/а невиноста со момче и почувствувал дека тоа што го направил е „погрешно“.

15.11.2014 - 13:59

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега