ВИДЕО: Мистериозна ледена пештера во Русија

 

На сибирскиот полуостров Јамал се формирал леден кратер кој ги натера научниците да размислуваат. Владимир Пушкарев и неговиот тим од Рускиот центар за арктички истражувања одлучиле да ја истражат причината за настанокот на овој природен феномен, пишува „Сајбирија тајмс“.

Името Јамал значи „крај на светот“, што дополнително ја симболизира појавата на овој мистериозен кратер.

Научниците сметаат дека експлозија на гас во внатрешноста на земјината површина се виновни за создавањето на овој кратер, нешто слично на оној во Атлантскиот океан од кој настанал феноменот познат под името „Бермудски триаголник“.

Пушкарев, лидерот на оваа научна мисија, за „Сајбирија тајмс“ изјавил дека со помош на алпинистичка опрема успеале да се спуштат до самото срце на кратерот.

На самото дно се наоѓа смрзнато езеро, чија длабочина е неполни 11 метри, тврдат истражувачите.

 

14.11.2014 - 15:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега