Грк ќе ја предводи евроармијата

Новиот претседател на Воениот комитет на Европската унија, е грчкиот генерал Михалис Костаракос кој е началник на Генералштабот на грчките вооружени сили.

Костаракос на оваа функција е избран од началниците на вооружените сили на земјите-членки на ЕУ на вчерашното гласање во Брисел во рамки на состанокот на Воениот комитет на Унијата, пишува грчкиот весник „Етнос“. 

Мандатот на новиот претседател на Воениот комитет трае три години, а тој функцијата ќе ја преземе во ноември 2015 година.

14.11.2014 - 09:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега