Сообраќајот во Скопје се „поремети"
Во текот на вчерашниот ден на подрачјето на Град Скопје сообраќајната полиција изврши увид на вкупно три сообраќајни незгоди од кои две се со последица материјална штета и една со последица телесна повреда во која со полесни повреди се здобил еден возач на мопед.
Во текот на вчерашниот ден сообраќајната полиција открила и санкционирала девет возачи кои не го почитувале ограничувањето на брзината на движење, 19 возачи кои не го користеле безбедносниот појас или, пак, го користеле мобилниот телефон за време на управување на возилото, 17 возачи кои непрописно се паркирале на крстосница, како и 14 пешаци.
Денеска поради изведување градежни работи на кружниот тек во изградба на крстосницата од ул. „Ѓорче Петров“ со бул. „Партизански одреди“ ќе има времена измена на режимот на сообраќај, односно кружниот тек ќе биде затворен за сообраќај заради што ќе биде поставена сигнализација за измена на режимот на сообраќај. Во оваа прилика сообраќајната полиција апелира до сите учесници во сообраќајот особено возачите да ја почитуваат поставената сигнализација, да бидат трпеливи и за сообраќај да ги користат алтернативните сообраќајници и патни правци.
Во недела со почеток во 16 часот во организација на Атлетската федерација ќе се одржи атлетска трка по сообраќајниците во централното градско подрачје, а истиот ден во 19 часот во Спортскиот центар „Јане Сандански“ ќе се одигра меѓународен ракометен натпревар помеѓу ЖРК Вардар и Будуќност, Црна Гора. За време на одржувањето на настаните сообраќајната полиција исто така ќе преземе соодветни мерки за обезбедување и пренасочување на сообраќајот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа