ДЕБАТА: Има ли мафија во македонската естрада? (ВИДЕО)
Во вечерашното гостување на Дневникот на Сител во дебатното студио се дискутираше на темата поврзана со последниоте случувања со апсењата на МВР. Доколку се докаже дека станува збор за кривични дела тогаш на осомничените им следува затворска казна од 1 до 10 години.
Прашањето беше дали конечно се одмотува клопчето во разрешување на естрадната мафија?
Антонио Димитриевски поранешен уредник и водител во МТВ сегашен главен и одговорн уредник на вистина .мк. Вели дека самиот бил сведок на местенки од сега приведените на фестивали конкретно за фестивалот чиј организатор бил тој па решил да го укине телевоутингот.
Весна Миленковска новинар во Вест пак вели дека и е жал заради тоа што се посрамотивме пред Европа и повторно имавме фестивал кој и покрај чистата победа на Даниел Кајмакоски остави црна дамка и на овогодинешиниот избор на Песна за Евровизија.
И двајцата велат дека знаат за малверзации во фестивалските победи, но на прашањето дали би посведочиле беа воздржани.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа