Даниел Кајмакоски со настап на полувремето од натпреварот Македонија – Словачка

На полувремето од натпреварот Македонија – Словачка кој ќе се одигра во сабота, 15 ноември, 20.45 часот, Даниел Кајмакоски ќе има свој настап.

 

Победникот на „Скопски фестивал, а воедно и наш евровизиски претставник, Даниел Кајмакоски во живо ќе ја отпее победничката „Есенски лисја“ на полувремето од квалификациската пресметка Македонија – Словачка.

 

Нашиот претставник на Евровизија ја бодри македонската фудбалска репрезентација.

 

 

Да ја поддржиме сите заедно.

13.11.2014 - 15:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега