ФИФА: Нема ново гласање за избор на домаќини за СП во 2018 и 2022 година

ФИФА денеска соопшти дека нема да има повторно гласање за изборот на домаќини на Светските фудбалски првенста во 2018 и 2022 година.

Ваквото решение е донесено откако специјалниот Комитет за етика на Светската фудбалска федерација ги отфрли сомневањата дека изборот на Катар за домаќин на Првенството во 2022 година, како и на Русија за Миндијалот во 2018-та, бил во рамките на правилата и прописите на ФИФА.

- Истрагата не откри ништо погрешно и нелегално во кандидатурите и изборот на овие две земји, се вели во соопштението на Комитетот за етика, во кое се тврди дека никакви докази за она за што претходно се обвинуваше.

Катар беше обвинуван дека со пари и поткуп убедил делегати, главно од африканските фудбалски федерации, како и од некои земји од Азија и Карибите, да гласаат за доделување на организацијата првенството за осум години на ова држва од Перзискиот Залив богата со нафта.

Според извештаите на швајцарските медиуми, истрагата открила дека „имало неправилности“, но дека интегритетот на гласањето не бил повреден.

Покренувањето на кампањата да му се одземе организацијата на СП во Катар, предизвика некои федерации, како што е англиската, да побараат ревизија и на одлуката Русија да биде домаќин на следното првенство по четири години.

Сега ФИФА ги отфрли и двете барања и пресуди дека наредните светски првенства ќе се одржат во Русија и Катар, за каде засега не се знае само терминот на одржувањето поради екстремно високите температури во летните месеци, кога по традиција се одржуваат светските првенства.

Претседателот на ФИФА, Сеп Блатер претходно ја осуди кампањата против Катар, забележувајќи дека таа се води врз „расистичка основа“.

Американскиот адвокат Мајкл Гарсија, кој формално ја покрена истрагата пред Комитетот за етика, изјави денеска дека не го прифака извештајот на ФИФА, тврдејќи дека тој е „нецелосен и погрешно презенетиран“.

Според Гарсија, Светската фудбалска федерација се обидува да го забошоти целиот случај и побара јавно презентирање на наодите од истрагата.

Мајкл Гарсија кој ја имаше подршката од федерациите на САД, Австралија, Јапонија и Јужна Кореја кои беа противкандидати на Катар, најави дека ќе подесе жалба. 

13.11.2014 - 15:01

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега