Полицијата го бара Јован Јованов за местенката на Скопскиот Фестивал

Јован Јованов е единствениот од четворицата осомничени за скандалот со местење на скопскиот фестивал. Него полицијата се уште не може да го обезбеди бидејќи според последните информации кои тој ги објави во медиумте се наоѓа во САД.
Покрај Јованов осомничени се и менаџерот и сопственик на План Б продукција Кристијан Стефановски, неговиот брат Игор и сопственикот на компанијата Видекс, Борис Видески. 

Сите се сомничат дека го местеле гласањето на скопскиот фестивал. Кај нив полицијата пронашла дури 2500 сим картички за кои постои сомневање дека се користеле за да се лажираат резултатите од телевоутингот.

Полицијата не открива информации за кои пејачи работеле тие на овој фестивал. 

13.11.2014 - 14:27

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега