Пронајдено мртво исчезнатото тригодишно дете од Штип

Тригодишниот Чинар Сулејманов, изутрината бил пронајден мртов во близина на викенд населбата Суитлак во Штип. Детето е најдено на еден километар од куќата каде живее семејството Сулејманови.

Полицијата, која заедно со роднините трагаше цела ноќ,  врши увид на теренот. За причините за смртта засега не може да се зборува. Луѓето кои беа на местото каде е најдено детето, кажуваат две верзии – дека веројатно заталкало на пат кон дома и прегладнето по студената ноќ починало, додека втората верзија е дека било нападнато од животно.

Мајката која го пријави изчезнувањето на детото  во полицијата изјавила дека последен пат е видено завчера околу 16.30 часот, кога малиот заминал кај неговиот дедо.

Тригодишниот Чинар со други деца бил забележан како пита на центарот на Штип

 

 

13.11.2014 - 13:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега