Плаошник затворен за посетители

 

Поради Возобновувањети на Светиклиментовиот Универзитет на Плаошник, забрането е движење по пристапните патеки кои водат кон Канео и Лабино, објавува ТВ Алфа. Според телевизијата, локалитетот е заграден од сите страни и посетителите не можат да пристапат.

Дел од жителите обвинуваат дека се сечела и борова шума, но, директорката на охридскиот Завод и музеј Тања Паскали Бунташеска за Алфа истакнува дека со дозвола од Општината, биле исечени само неколку дрва кои не биле заштитени со закон.

- Сè што се прави, се прави во интерес на реализацијата на овој голем проект што милсам дека ќе биде еден од најзначајните што се реализирани на територијата на РМ. Граѓаните нека бидат малку трпеливи додека се гради, вели Бунташеска за Алфа.

 На западната страна од црквата се градат музеите, Свети Климентовата библиотека и институт за хуманистички науки, додека на исток се подига манастирскиот конак и резиденцијата на дебарско-кичевската епархија. Предвидена е изградба на Богословскиот факултет и светски универзитетски и компјутерски центри. Се очекува за 26 месеци да бидат готови вкупно 16 објекти.

најчитано сега