Почина познат британски актер

 

Актерот, Ворен Кларк познат по улогата во британската серија „Dalziel and Pascoe“ и филмот „Пеколен портокал“ почина вчера на 67-годишна возраст, сооштија неговите агенти.

Компанијата ИТГ од Лондон соопшти дека Кларк починал мирно, во сон, по кусо боледување.

Кларк неговата успешна телевизиска кариера ја започна во 1960 година и глумеше во „сапуницата“ „Coronation Street“.

Славата ја стекна со улогата на детективот Енди Далзијел во серијата „Dalziel and Pascoe“ која се емитуваше од 1966 до 2007 година.

Тој глумеше во сериите „Убиство во Мидсамер“, „Мрачна куќа“, „Госпоѓица Марпл“

13.11.2014 - 12:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега