Кајмакоски: Во Виена ќе бидам на свој терен

Ех да можев јас да те прегрнам сега и засекогаш, па да се разбудам, очи да отворам, да видам дека живеам. Ме следиш секој ден, во мојот свет, заспиваш во мисливе. Сите зборови премалку се. Како јасно сонце ти ми изгреваш, во ова срце кога се населуваш... Ова е дел од текстот на победничката песна на Скопскиот фестивал. „Лисја есенски“ на Даниел Кајмакоски се издвои од извонредните 20 композиции од врвните македонски изведувачи.

Даниел за Курир вели дека песната е автобиографска..

-Може да се каже дека темата на песната е автобиографска. Објаснувам како се чуствувам кога сум заљубен и колку ме крева љубовта, вели Кајмакоски за КУРИР.

Во Виена ќе биде на свој терен. Ако ништо друго, во шега вели дека барем за сместување нема да троши пари и ќе биде повеќе време со својата мајка која многу му недостига. Но, задоволството да ја претставува Македонија, за Даниел е огромно и ќе го даде максимумот за тоа.

-На некој начин на Евровизија ќе бидам на домашен терен. Очекувам максимална професионалност од сите што ќе учествуваат, исто така да продолжи подршката од македонскиот народ и од Македонија, исто така да веруваат во мене и на крај да имаме добар настап. Зошто да не и победа. Задоволен би бил ако влезам во финале, доколку влезам во топ 10 би било веќе успех голем.

Според Кајмакоски, убаво е да се пее на македонски, но повеќе од луѓето би ја разбрале песната доколку се пее на англиски.

-Најверојатно ќе пеам на англиски. Англискиот текст е многу убав, се надевам дека скоро ќе го слушнете. Би сакал песната да се слуша и по радио станиците во Европа, да се прошири, да влезе во некоја топ листа, тоа би било многу многу голем успех, затоа ќе ја отпееме на англиски.

13.11.2014 - 12:01
Фото: 
Курир

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега