Вселенското летало „Филе“ слета на комета

Вселенското летало „Филе“ по неколку часа по одвојување од „Розета“, слета на комета, соопшти Европската вселенска агенција.

Вселенското летало е со големина на машина за перење и тежи само 100 килограми.

Беспилотното летало „Розета“ патуваше 6,5 милијарди километри за повеќе од 10 години да и пријде на комета 67P.

Мисијата на „Филе“ ќе биде да истражи како функционираат кометите, и најважниот дел: дали на нив има вода и извор на енергенси, кои би можеле да се користат во иднина. „Филе“ треба и да даде одговор дали водата на земјата е донесена од комета.

13.11.2014 - 11:55

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега