ВИДЕО: Ова е победничката песна на Даниел Кајмакоски што ќе ја претставува Македонија на Евровизија
Како што најави организаторот, победникот на фестивалот беше определен според евровизискиот принцип на гласање по пат на телевоутинг и меѓународно стручно жири во сооднос 50:50.
Даниел возбуден од победата, откако ја отпеа победничката песна извика: „Фала Скопје, фала Македонијо! Ви благодарам за довербата во мене“.
На Скопскиот фестивал беа доделени вредни парични награди, од кои едната за животно дело, којашто МРТ овојпат ја додели на Димитар Масевски, чијшто авторски и професионален кредибилитет е неодминливо поврзан со востановувањето и афирмацијата на Скопскиот фестивал, но исто така и со историјата на македонската забавна музика и музичка култура воопшто.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа