Кинеска компанија купува голема француската хотелска мрежа
Француската хотелска мрежа на групацијата „Лувр Хотелс“ во која се наоѓаат хотелите под имињата „Кампанил“, „Кириад“ и „Голден Тулип“ ќе и биде продадена на кинеската група „Џин Џијанг Интернешанл“.
Според најавите трансакцијата би требало да биде реализирана во 2015 година.
Како што објави веб изданието на „Фигаро“, цената на трансакацијата за француската хотелска група која е сопственост на американскиот фонд за инвестиции „Стразвуд Капитал“, засега не е прецизирана, но според проценките таа би можела да изнесува меѓу 1,2 и 1,5 милијарди евра.
Оваа купопродажба веќе била ставена на дневниот ред на раководството на претпијатиетро „Лувр Хотелс Груп“.
Во 2011 година „Лувр Хотелс Груп“ потпиша договор за соработка со Џин Џијанг Интернешанл“, кој овозможуваше сместување на кинески туристи во хотелите „Кампанил“, односно на европските во хотелите на „Џин Џианг“. Целта на ова партнерство беше да се зголеми посетеноста на хотелите од двете групи и да се развие хотелскиот туризам во Франција и Кина.
Кинеската туристичка група е присутна во три активности: раководење и инвестирање во хотели, туристички услуги, транспорт и логистика. Според бројот на хотелски соби, таа се наоѓа на 14 место во светот и раководи со 1.700 хотели во 11 земји, но сепак Кина е нејзиниот главен пазар.
Француската хотелска група, која наскоро ќе треба да премине во рацете на Кинезите, е позната по хотелите од марката „Кампанил“, „Кириад“, „Премиер Клас“, „Голден Тулип“ и „Ројал Тулип“. На крајот од 2013 година таа имаше вкупно 1.200 хотели ширум светот, од кои дури 820 во Франција
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа