Со години носела гради тешки 14 килограми- потоа направила операција која и го променила животот
40- годишната Кериша Марк со години трпела силни болки во грбот, бидејќи поради хормонално пореметување имала абнормално големи гради.
Таа носела градник со големина 36NNN, корпи кои не постојат во стандрадното производство. Дојките на Кериша со времето растеле се повеќе додека не достигнале тежина од по седум килограми. Поради сето тоа, таа себе си за јубилејниот 40-ти роденден се почестила со пластична операција.
Нејзините болки во градите и главата биле толку силни, што Кериша се сомневала дека тоа се симптоми на мозочен или срцев удар. Но, кога отишла на лекар, тој ѝ објаснил дека до такви непријатности ја доведуваат нејзините големи дојки и ѝ дијагностицирал гигантомастија.
Станува збор за хормонално пореметување поради кое градите неконтролирано растат. Ова пореметување официјално се дијагностицира кога масата на градите ќе прејде три проценти од комплетната телесна маса.
Поради ова пореметување, Кериша целиот живот многу патела. Не можела да се занимава со никаква физичка активност, луѓето секогаш гледале во неа на улица и барале да ѝ ги допрат градите за да се уверат дека ѝ се вистински.
Кериша тврди дека морала да користи и селотејп за да ги држи на место. Иако со години размислувала за операција, на овој потег се одлучила дури пред 40-тиот роденден, кога болките станале неподносливи.
- „Помислив, нека ми е среќен роденден“, вели Кериша.
Пластичниот хирург од Бостон, др. Френклин Роуз, ја извел операцијата и симнал околу седум килограми ткиво од нејзините гради. Тој изјавил дека во кариерата не видел поголеми гради.
- „Градите навистина ѝ висеа до колковите и беше како цело време со себе да носи три кошаркарски топки, ете толку беа големи“, објаснува докторот.
И по успешната операција Кериша има големи гради, но сега ѝ се сосема доволни DD корпи.
Др. Роуз вели дека нејзиниот `рбет со тек на време би се искривил, доколку не ја направела операцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа