Соросовите новинари нервозни - мораат да ја оправдаат манипулацијата за името

 

Луѓето платеници на Соросовата фондација во алиби акција за името на државата мешетарат со стари предлози. Соросовите новинари стариот предлог за името го препакуваа како ново решение, па сега мораат да ја оправдаат својата манипулација, пишува Курир.

Предлогот Горна Република Македонија кој го објави БИРН, а на кој се налепија опозициските новинари, е всушност стар предлог кој беше познат од пред една година. Самиот медијатор Метју Нимиц го брифираше до медиумите, а и лидерот на ДУИ Али Ахмети го потврди истиот уште во 2013-та година.

Сето ова е познато, но она што до крај не е јасно е за кого одработуваат и за чии интереси работат новинарите на СОРОС? Бранко Героски пред еден месец истиот предлог се обиде преку својот „Слободен печат“ да го продаде како нов предлог кој наводно бил готвен од Нимиц, на што пак во останатите медиуми се регираше дека нов предлог нема и се отвори прашањето дека Героски и групацијата на новинари финансирани од СОРОС со таквите свои написи одработуваат за други интереси.

Сега откако БИРН го реобјави стариот предлог кој се обиде да го прикаже како нов, „Слободен Печат“ и Героски веднаш тоа го искористија како алиби за својата невешта манипулација, при што Героски на својот Фејсбук профил регираше преку порака полна со навреди.

-Кај се бе сега куририве и генијалциве од „Република“ да гукнат? Нели Геро го „измисли“ новиот предлог на Нимиц? А? Будали едни.., напиша Героски    

Фактите говорат дека Бранко Героски, „Слободен печат“ и останатите платеници на СОРОС прават манипулација. Самата Нова ТВ на Борјан Јовановски и Билјана Секуловска уште пред една година објави дека Предлогот на Нимиц е Горна Република Македонија.

Тие на 15-04-2013 објавиле текст со наслов НОВА открива што содржи предлогот на Нимиц во кој пишуваат:

 - Горна Република Македонија е името кое ќе го замени ФИРОМ во наредните најмалку 7 до 8 години колку што ќе траат преговорите за членство во ЕУ, стои во најновиот предлог за решение на името до чии детали дојде НОВА од дипломатски извори инволвирани во преговорите. 

Во јули минатата година и Али Ахмети соопшти дека предлогот на Нимиц е Горна Република Македонија. Тој на 10 јули 2013-та година изјави дека постои еден предлог ,Горна Македонија“. Тоа значи дека има еден основен документ околу кој двете страни може да седнат и да разговараат, рече Ахмети.

Порталот Република во својата анализа вчера пишуваше за кого работат и за кого одработуваат Бранко Героски, Ацо Кабранов, Владимир Мичлин, Љубомир Фрчкоски, Сашо Ордановски, Борјан Јовановски.

-Ова е групата новинари, политички аналитичар и политичари од земјава кои работат за секого, само не за својата земја. Некој уредник, некој политички аналитичари, сите со иста цел – да бидат фокусирани на две работи кои секако, не и носат ништо позитивно на земјава. Фокусирани се на две работи - Како да ја исплукаат земјата надвор и да го уништат нејзиниот имиџ и да ја компромитираат државата преку спорот со соседна Грција, нарушувајќи ги позициите на сопствената земја. За двете работи кои се во нивниот фокус прашањето е исто – Кому му одговара тоа?, пишува Република. 

Веднаш на ваквата анализа посочените имиња се почуствуваа засегнати и поголемиот дел од нив излегоа со иронични статуси и навреди, но она што изостана е суштински демант базиран на факти.  Бранко Героски во коментар напиша:

-Абе сељаци, дај бе смислите по некој нов наслов. Знам дека сте во паника и дека директивата дошла попладневно, ама покажете барем малку креација.

Со коментар се јави и Борјан Јовановски кој напиша: “ неко овде меѓу нама није наш...и плус је мало нервозан“

Луѓето на Соросовата фондација стариот предлог за името го препакуваа како ново решение, во алиби акција за името на државата, мешетарат со стари предлози. 

12.11.2014 - 13:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега