Школото заврши - голема забава со познати DJ-и во Градскиот парк

Утре во 18 часот, на Школка во Градски парк, во организација на Баги Комуникации, а под покровителство на Град Скопје, на последниот училишен ден од учебната 2012/2013 година, ќе се одржи музички настан насловен како “ Школото заврши “ (School’s Out), информираат од Град Скопје.

 Концертот се одржува по втор пат и ќе биде бесплатен за публиката. Од Град Скопје информираат дека на настанот ќе настапат следниве музичари и DJ-и : „Пеперминт“, Marga Sol, „Beta House“, DJ WISH.KO, Пеатр Саркањац и DJ Irie Scratch.

најчитано сега