Саша Матиќ ја откачи Весна Змијанац- фолкерката збесна
Познатата српска фолкерка Весна Змијанац многу се налути на својот колега Саша Матиќ, кој како што вели многу го цени и почитува и за кој мисли дека одлично пее. Пред точчно пет години Весна му нудела да отпеат дует заедно, но тој и рекол дека треба да се причека со тоа. Сега тој ја одбра помладата Северина со која го сними дуетот „Море туге“.
-Воодушевена сум како пее Саша. Пред пет години му нудев да снимиме дует, но тој тогаш ми кажа да причекам. Еве јас чекав, а тој сега сними дует со Северина, изгледа затоа што таа сигурно пее подобро од мене – рече Весна.
Песната на Северина и Саша само во првите 24 часа имаше повеќе од 785.000 прегледи на Јутјуб.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа