Ранет поранешен фудбалер на Вардар

Некогашниот фудбалер на Вардар, а сега претседател на Раднички Ниш Зоран Банковиќ е ранет во напад со огнено оружје, јавуваат српските медиуми.

Како што самиот потврди за РТС, во Зоран Банковиќ било пукано пред неговата куќа во населеното место Беверли Хилс во Ниш во неделата вечер околу 20:00 часот. Тој за РТС изјавил дека има прострелна рана на ногата, но додал дека се чувствува добро и дека е хоспитализиран на Кличничкиот центар во Ниш.

Инаку, Зоран Банковиќ за македонскиот најтрофеен клуб играше од 1979-та до 1983-та година и забележа 103 настапи. Освен за Вардар, дефанзивецот ги бранеше боите на Црвена Звезда, Раднички Ниш и ОФК Београд.

10.11.2014 - 10:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега