Атланта го реши Њујорк

Екипата на Атланта Хокс славеше на домашен терен против Њујорк Никс со 103-96 и на тој начин ја забележа втората победа во новата НБА сезона.

Предводник на "Јастребите" на овој меч беше Кајл Корвер со 27 поени, а нашиот Антиќ за 17 минути минати на паркетот успеа да запише 2 поени и исто толку скокови.

Најефикасен во редовите на гостинскиот тим беше Кармело Ентони со 20 поени, а запиша и 9 скокови.

Екипата на Голден Стејт ја прекина победничката серија на Хјустон, нанесувајќи му го првиот пораз во новата сезона.

Вориорс на гостувањето во Тексас славеа со 98-87, а беа предводени од одличниот Стеф Кари, кој имаше улинок од 34 поени, десет скокови и 5 асистенции.

Одлична партија прикажа и Андре Игудала, кој постигна 15 поени, а на спротивната страна Џејмс Харден мечот го заврши со 22 поени и по 7 скокови и асистенции.

Синоќа најинтересно беше во Сан Антонио, каде актуелниот шампион претрпе пораз од Њу Орлеанс со 99-100.

На Спарси не им помогна ниту одличниот Тони Паркер кој запиша 27 поени и 4 асистенции, ниту дабл-дабл учинокот на Тим Данкан, со 11 поени и десет скокови.

Ентони Дејвис беше најзаслужен за триумфот на Пеликанс со учинок од 27 поени и 11 скокови.

Резултати:

Атланта – Њујорк 103-96
Сан Антонио – Њу Орлеанс 99-100
Чикаго – Бостон 101-106
Индијана – Вашингтон 90-97
Мајами – Минесота 102-92
Хјустон – Голден Стејт 87-98
Милвоки – Мемфис 93-92

09.11.2014 - 14:43

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега