Циндриќ раскажа за хаосот во Металург

Лино Червар ме донесе во Металург, поради него сум тука, а сега сите играчи се против него. Во навистина незгодна ситуација сме, вели во изјава за хрватскиот портал  „24 часа“, Лука Циндриќ кој не беше меѓу потписниците на писмото против Червар.

Хрватскиот репрезентативец вели дека е прекратко сум во Металург за да пресудува. Тој не е сусоендиран, затоа што веќе бил во Загреб поради репрезентативни обврски.

-Требаше да играме против Загреб, а ден пред тоа беше состанокот со газдата кој вети дека платите ќе бидат следната недела, иако требаше претходната. Во клубот им кажале дека оние кои не одат во Загреб ќе бидат суспендирани, па испадна само јас да не сум суспендиран затоа што веќе бев во Загреб“ - вели Циндриќ,

Циндриќ сега во Скопје тренира со останатите ракометари на кејот на Вардар. Вели дека се собираат секој ден, а тренингот го водат најстарите играчи Мојсоски, Димовски и Вугринец.

- Чекаме расплет на ситуацијата. Газдата е на страната на Червар и не знаеме како ќе се заврши сето ова, вели средниот бек.

09.11.2014 - 11:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега