Шеќеринска ја кодоши Македонија кај француски секретар со грчко потекло

Најголемата македонска опозициска партија продолжува со оцрнувањето на сопствената земја во меѓународни рамки. Социјалистичката партија на Франција денеска побара набљудувачка мисија на ЕП во Македонија, потенцирајќи дека “демократија не можела да биде празен збор“.

Ваквата порака од француските социјалисти доаѓа по средбата на заменик претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска, со првиот секретар на Социјалистичката партија на Франција Жан Кристоф Камбаделис, кој има грчко потекло, пренесе Курир.

На средбата со непознатиот француски секретар, очекувано беше потпретседателката на СДСМ да не говори за своите скапи ташни и аристократски забави, петте илјади евра месечно за кирии и издавањето на скапи станови сама не себе, како и за луксузините џипови, но сите очекуваа да бара поддршка за националните интереси на Република Македонија.

Сепак, Шекеринска на средбата со францускиот политичар со грчко потекло ниту збор не изусти за опструкциите кои врз нашата земја ги прави Грција, ниту за нејзините блокади, ниту за уцените, ниту пак за кочењето на развојот на нашата земја кое се години наназад го спроведува јужниот сосед.

Познавачите коментираат дека и Шекеринска и овој француски чиновник кој влече корени од Грција, кога говорат за вредностите на Европската Унија, треба да дадат и став за еклатантното кршење на меѓународното право од страна на Атина, кое демократска Франција очигледно го толерира.

Поддржувачите на македонската опозиција од Франција сметаат дека “почитувањето на правната држава и демократијата се во срцето на нивните демократски вредности и темелот на ЕУ“ и бараат набљудувачка мисија во Република Македонија, но добро е иста таква мисија да има и во квартовите во Париз кои ги запалија пред половина година, но можеби се презафатени да мислат на тоа бидејќи економијата им влезе во рецесија.

Со молчењето на реалните проблеми со кои се соочува нашата земја, како што се блокадите и уцените од Грција, а од друга страна оцрнувањето на сопствената земја на средби со меѓународни претставници на кои ниту збор не се изуствува за клучниот проблем кој Грција го има со нашето име, социјалдемократите и одмагаат на својата држава преку кодошење на сопствената земја надвор од нејзините граници на средби со непознати француски секретари со грчко потекло, наместо да се бара поддршка за националните интереси на Република Македонија.

 

08.11.2014 - 14:52

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега