Нема казни за мајсторот и куќната помошничка – Законот важи само за фирмите

Сепак ќе може да го повикате соседот  да ви го поправи телевизорот. Нема да се казнуваат  мајсторите, роднините, пријателите  кои  ќе ви вршат поправки по дома.  Законот за забрана за работа на нерегистрирани дејности ги опфаќаат лицата кои вршат услуги, а заработуваат многу, сопственици на,ресторани, сендвичарите, плацевите за продажба на автомобили-, кај кој се вртат големи приходи, а не се регистирани. Според надлежните вака ќе се  намали  сивата економија, а ќе се зголеми  заштитата на работниците.

Работодавачите и коморите го подрджуваат законот.  Велат  тој  ќе им помогне на 150 000 лица кои во моментов работат  во бизниси кои не се регистрирани , во кои не им тече стаж и не се влежени во системот за социјално и здравствен осигурување. Забелешки имаа околу казните, а како проблем ги наведоа и социјалните мрежи – место каде лицата кои даваат услуги се рекламираат.

Казните за нерегстирана дејност на фирма се од 10 000 до 20 000 евра, за физички лица  од 3000 до 10 000 евра.

Во моментов, согласно  законот работат  93 000 приватни фирми, 8000 трговци поединци, 4500 занаетчии, а  527 000 пријавени работници. Законот за нерегистрирани дејнсоти се носи првпат, во земјава. Неодамна, сличен ваков закон е донесен во Хрватска и Словенија.

08.11.2014 - 12:02

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега