Постојано ѕвони телефонот за Ало Докторе

Во изминативе два дена на 15123-АЛО ДОКТОРЕ! телефонската линија за медицински совети, во просек до 22 часот имало 307 јавувања.

Јавувањата биле од граѓани од сите градови во Македонија.

22 доктори се достапни за граѓаните од сите градови во Македонија, за во текот на 24 часа да побараат медицински совет, соодветна симптомска терапија и доколку е потребно повикот да го пренесат кон службата за итна медицинска помош 194.

Секој ден на телефонската линија АЛО ДОКТОРЕ! од 18 до 22 часот дежураат директорите на Јаните здравствени институции.

Денес од 18 до 22 часот ќе биде дежурен и достапен за медицински совет директорот на Институтот за белодорбни заболувања Др. Оливер Зафировски, а утре ќе биде дежурен Др. Идриз Неџепи од Психијатриската болница во Скопје.

08.11.2014 - 11:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега