Енди Ли: Активно ги разгледуваме можностите за инвестирање во Македонија

Извршниот директор на компанијата „Алорика“, Енди Ли, компанија која се занимава со аутсортинг и консалтинг услуги која воедно вработува над 16.000 луѓе во светот, активно ги разгледува можностите за инвестирање и е во процес на планирање на конкретна соработка.

Тој по бизнис форумот во Лос Анџелес изјави дека како компанија работат во многу држави во светот, и она што имале можност да го слушнат од бизнис форумот е дека човек може да биде задоволен од водењето бизнис во Македонија.

-Македонија има високо образована работна сила и е многу посветена на привлекување на инвеститори, и Влада која го поддржува бизнисот што од моја перспектива укажува на тоа дека има се што ни е потребно да бидеме успешни, при што со нетрпение очекуваме да дојдеме и да научиме повеќе. Ние ќе ја посетуваме Македонија во наредните три месеци за да направиме детални анализи за можноста да отпочнеме бизнис во државата, изјави извршниот директор Енди Ли.

 

 

07.11.2014 - 23:57

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега