Бела Чорба во прегратките на Џеј Ло!

Српската рок ѕвезда и светската поп икона одиграле „валкан танц“, ама на пробата за шоуто „Твоето лице звучи познато“

Фронтменот на групата Рибља Чорба, Бора Ѓорѓевиќ, заврши во прегратките на Џенифер Лопез?!

Српската рок ѕвезда и светската поп икона одиграле „валкан танц“, ама на пробата за шоуто „Твоето лице звучи познато“. Ех, можеби ова е само пуста желба на Бора, со оглед на тоа што ова мазење е само шега на Неда Украден и Елена Ристевска, кои во рамките на новата епизода ги имитираат токму овие два лика.

„Неда и Елена добро се забавуваа пред излегувањето на сцената. Со маска на лицето, која го добложува Бора од времето кога го сними големиот хит „Два донара друже“, Неда џускаше со Елена, која беше облечена во провокативен костим, кој буквално сите до еден не остави без здив. Тоа беше танц за паметење“, изјавил еден од шминкерите кој бил сведок на настанот.

 

Овој момент бил овековечен и со снимка, а истиот ќе имаме можност да го видиме во недела, кога премиерно ќе биде прикажана и новата епизода од шоуто.

07.11.2014 - 20:28

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега