Фасцинантната приказна за пенисот на мажите

Дали сте се запрашале некогаш (вие, мажите) зошто имате пенис и тоа еден, а не два или повеќе, колку што имаат мажјаците од одредени животински видови? Еве го одговорот.

Кога на мажите им дала пенис, природата не била воопшто глупава. Овој орган, на кој сите припадници на посилниот пол се многу горди, зад себе има навистина фасцинатна приказна за своето потекло.

За разлика од птиците или цицачите, змиите и гуштерите имаат два пениси. Проучувајќи ги ембрионите на влекачите и цицачите, научниците откриле дека постои врска измеѓу еволутивниот правец на развој на нозете и опашките и екстерните гениталии. Ова откритие би можело да помогне да дознаеме како `рбетниците го напуштиле океанот и се населиле на копното.

Преминувањето на начин на живот на површината барал големи промени во локомоторниот систем (начинот на движење), бидејќи `рбетниците морале да се прилагодат на новите услови за живот, меѓутоа настанале промени и во гениталиите. Постојат бројни студии за тоа како дошло до метаморфоза од перки до нозе, но нема целосно истражување за тоа како дошло до настанокот на екстерните гениталии.

За да ги испитаат генетските сличности кои постојат кај гениталиите и останатите израстоци, тим научници, предводени од Клифорд Табин од Харвард, испитале голем број на различни ембриони од `рбетници, змии, гуштери, кокошки и лабораториски глувци.

„Гениталиите на цицачите и влекачите немаат развојни сличности бидејќи се состојат од различно ткиво, но постои една подлабока сличност, а тоа е имањето ист изворен состав на молекуларни сигнали“, вели професор Табин.

Имено, пенисите на влекачите се изградени од ткиво од кои се изградени нозете, додека пенисот на цицачите е изграден од ткиво кое се наоѓа во коренот на опашката. Значи, прашањето е како органите кои имаат иста функција тргнале од целосно различни стартни позиции?

Одлучувачкиот фактор е всушност позицијата на клоаката (задниот дел од цревото кое служи и како орган за излачување и за размножување, кое главно го имаат птиците и влекачите). Клоаката ги иницира молекуларните сигнали за развој на гениталиите, а тие стигнуваат до ќелиите на најблиското ткиво. Бидејќи со текот на еволуцијата, клоаките се менувале (поради споменатото прилагодување на движењето на површина), се променило и ткивото од кое се гради пенисот. Кај змиите и гуштерите тоа се нозете (змијата има закржлавени нозе кои постојат во ембионалната фаза) па тие имаат по два пениси, а кај цицачите тоа е коренот на опашката, па тие имаат еден пенис.

За да бидат сигурни во оваа теорија, научниците извеле експеримент во кој ја дислоцирале клоаката на ембрионите од некои пилиња и гениталиите почнале да се развиваат од ткивото на ногата и тоа во пар.

Ова може да го објасни и феноменот „дифалија“, односно присуството на два целосно функционални пениси кај луѓето, што се случува еднаш во шест милиони случаи.

Извор: Точка

07.11.2014 - 13:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега