ФОТО: Девојче се родило со пола срце- нема да верувате како го спасиле докторите

 

Оливија Фулер (5) е родена со органи сместени на погрешна страна од телото и со само пола срце. Докторите ја спасиле со помош на водоотпорна „Gore-Tex“ ткаенина и сега срцето подобро и функционира. Благодарение на оваа операција Оливија може да трча и скока со својата сестра близначка Елизабет.

- Оливија е добро. Никој не можеше ни да претпостави дека дел од нејзиното срце ќе биде направен од материјал кој се користи за изработка на мантили за дожд. Тое е навистина неверојатно, вели нејзиниот татко Ричард (37).

Оливија веднаш по раѓањето била префрлена во Бристолската кралска болница за деца.

Првата операција ја имала кога била стара само десет дена ос цел сите вени да и се насочат кон срцето. Брзо потоа хирурзите и направиле и врска помеѓу белите дробови и срцето користејќи „Gore-Tex“ материјал за да го подобрат протокот на крв меѓу нив.

 

Од тогаш Оливија имала уште четири операции, една на евет месеци, па на 11 месеци, па две години подоцна и последен пат била на операција летово во месец јуни.

Оливија конечно успеа да се чувствува нормално и во целост да ја следи својата сестра близначка. Родителите се плашеле дека нема да може да оди на училиште, но Оливија заедно со својата сестра го започна своето образование.

- Бевме најгордите родители кога ги видовме како заедно се движат низ училишниот двор, изјави нивниот татко. 

07.11.2014 - 12:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега