"Ме тепаше и силуваше цела ноќ" - се отвори старицата која преживеа хорор

Викав, плачев, молев...ме тепаше и силуваше цела вечер и не можев да се одбранам. Мислев дека на моите маки им нема крај и дека ќе умрам. Дочекав ужас во овие стари денови. Вака старицата која беше тепана и силувана си ја отвара душата за српскиот Курир и раскажува за голготата низ која поминала.

Моите маки траеа неколку часа. Ме удираше и силуваше, ме гушеше со перницата, се иживуваше на мене. Вака 74-годишната Д.И. раскажува за хоророт кој го преживеала во својата куќа во Јагодина. Кобниот ден била на слава. Си дошла околу 22 часот и откако си легнале слушнала тропање на вратата. Потоа влегол насилникот и и го загорчил животот.

Старицата додава и дека насилникот бил многу пијан. Ја тепал и влечел низ домот, а не сакал ниту пари ниту драгоцености. 

Откако соседите ги виделе нејзините модринки ја натерале да поднесе пријава против монструмот.

 

06.11.2014 - 09:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега