Нови компликации во случајот Дениса Маркоска

Неизвесно е кога ќе пристигне телото за кое се претпоставува дека е на прилепчанката Дениса Маркоска, која исчезна на 12-ти септември од бродот на којшто работела.

Од МНР велат дека се чека дозвола од грчкиот суд за да може телото да се транспортира во Македонија, иако најавуваа дека треба да пристигне во понеделник, а потоа одложија за во среда.

Согласно грчките закони, за да може да се изнесат посмртните останки после месец дена или ако е телото во поодмината фаза на распаѓање, надвор од Грција потребна е дозвола од надлежен суд. Грчкиот судија од Родос треба да даде дозвола за транспорт на телото, но засега не се знае кога ќе се случи тоа. Министерството за здравство во вторникот му даде овластување на Институтот за судска медицина да направи нова ДНК анализа или обдукција на телото, по барање на родителите на Дениса.

 

Обдукцијата во Грција потврди дека телото, кое беше најдено кај Родос, е на Дениса, но семејството се сомнева во резултатите, но и во истрагата на грчките истражни органи. Никој не знае како девојката го загубила животот

05.11.2014 - 23:34

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега