Прва жртва во невремето во Франција

 

Поројните дождови што го зафатија југоисточниот дел на Франција ја зедоа првата жртва, пренесоа француските медиуми.

32-годишната жртва Жпочинала откако ја затрупало свлечиште во алпското село Сен-Блез.

Превентивно беа евакуирани жителите на повеќе од сто куќи  во селата Ламот-ду-Рон и Сен-Симфориан д'Озон.

Невремето без електрична енергија остави над 6.000 станови во регионот.

Заради влошената хидрометеоролошка ситуација речиси два часа беше парализиран сообраќајот на аеродромот во Ница, а заради силниот дожд  беше затворена и главната градска патна артерија долж морскиот брег.

05.11.2014 - 15:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега