Сопругата на Клуни има анорексија?

Иако многумина ја пофалија нејзината убавина, Амал Клуни наиде на мета на критичарите.

Успешната адвокатка Амал Клуни ги полни медиумските наслови откако се омажи со најпосакуваниот холивудски ерген. Иако многу се пишуваше за нејзиниот беспрекорен стил, сега започнаа да ја критикуваат оти е премногу слаба.

Некои трач списанија отидоа толку далеку, такашто во нивните вести велат дека е анорексична.

Британските медиуми пишуваат дека Амал била свесна дека сите очи ќе бидат вперени во неа на денот на венчавката, па токму затоа била на строга диета, за да блесне во најдобро издание. Наводно го натерала и Џорџ да внимава на килограмите пред нивниот голем ден.

Се пишува дека Амал е прилично несигурна и наводно стравува да не случајно не изгледа убаво. Бидејќи Амал е пример на многу млади девојки ширум светот, дежурните душегрижници стравуваат дека нејзиниот изглед ќе влијае на младите девојки да се изгладнуваат.

05.11.2014 - 14:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега