Убиецот е син на позната пратеничка - детали за убиството во ноќен клуб

Синот на пратеничката во албанското Собрание Луиза Џувани – 25 годишниот Констандин е убиец на четирите лица во еден ноќен клуб во Тирана, соопшти полицијата. 

- Веднаш по убиството во вторникот, Констандин Џувани бил уапсен од страна на полицијата, соопшти албанското МВР.

Медиумите наведуваат дека по убиството тој се обидел да избега во една од уличките каде се случило злосторството, потоа дал отпор на полицијата во обид да избега, но на крајот таа го уапсила. 

Пратеничката Џувани која е од редовите на владејачката Социјалистичка партија само неколку часа по убиствата поднесе оставка која ја соопшти на прес-конференција во присуство на премиерот Еди Рама. Таа нагласи дека правдата треба да го направи своето. Рама на оваа средба со новинарите демантираше дека до сега ова лице било заштитувано од власта. 

Медиумите нагласуваат дека Констандин Џувани е член на познато албанско интелектуално семејство. Тие додаваат дека  во бројни кривични дејствија се вклучени и други членови на видни албански семејства кои се дел од политиката и општествениот живот. Добар дел од нив биле заштитувани од правдата, наведуват тиранските медиуми.

05.11.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега