Facebook откажа во Македонија

Најпопуларната социјална мрежа Facebook десетина минути имаше технички проблеми. Според она што може да се дознае, проблеми имале најголем дел од корисницте во Македонија, иако сите акаунти не беа зафатени. 
Дел од корисниците не можеа да се логираат, а оние кои веќе беа логирани, добиваа бел монитор со натпис дека сервисот не е достапен. 
По десетина минути, мрежата повторно се врати во функција.
Сличен проблем Facebook имаше и пред десетина дена.

03.11.2014 - 21:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега