Макелеле повеќе не е тренер на Бастија

Францускиот фудбалски прволигаш Бастија му врачи отказ на тренерот Клод Макелеле.
 
За поранешниот репрезентативец на Франција, инаку родум од Конго, кој имаше долгогодишна успешна играчка кариера во екипите на Реал Мадрид, Челзи и П.С.Ж. ова беше прво тренерско искуство. Сепак, 41-годишниот Макелеле на „жешкото“ тренерско столче издржа само шест месеци. 
 
Тимот од Корзика, лошо ја започна новата сезона во француската Лига 1, и по дванаесет одиграни натпревари се наоѓа на претпоследното место на табелата со само две победи. 
 
Во последниот натпревар со Макелеле на клупата, екипата на Бастија загуби минимално од Генгамп.
03.11.2014 - 18:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега