Едвај извлеков жива глава- српска манекенка доживеала непријатност во Албанија

Зорјана Канјуга, српската манекенка, едвај извлече жива глава во Албанија на изборот Best model internešenel.

Распламенетите емоции на народот кој живее таму е поради натпреварот Србија -Албанија кои во голема мераа влијаеа манекенката да се чуствува лошо.

- Во текот на десетдневното натпреварување посетивме разни градови и секогаш ги носевме лентите со името на земјата која ја претставуваме. Луѓето на улица кога ќе ја видеа мојата лента, ме гледаа под око, а често ми довикуваа „Не за, Србија“, раскажува манекенката која продолжила да расакажува за немилите случувања, 

- Во клубовите ме провоцираа така што со раце го правеа нивното знаме и едно момче ми пријде и ми рече „ Дали си ти таа што вели, уби ги Албанците“.

Но ова не е крај на ужасот кој го доживевала оваа девојка, на една тамошна емисија. 

- Гостувавме во емисијата  „Zone e lire“,која одеше во живо. Водителот проба да ме испровоцира, ено од прашањата беше, кој според мене бил виновен за инциентот на натпреварот. На сите тие провокации  јас само се смешкав, завршила српската убавица.

03.11.2014 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега