Со здрава храна против штетното дејство на аерозагадувачите

Променливото време, но и загадениот воздух влијае врз здравјето на граѓаните. На удар се хронично болните со белодробни заболувања. Пулмологот д-р Дејан Докиќ во интервју за МРТ препорачува да се користи повеќе овошје и зеленчук полни со антиоксиданси во борба против последиците од аерозагадувањето.

Доктор Докиќ вели дека бројот на граѓани кои доаѓаат на Клиниката за пулмологија и бараат помоше e зголемен.

-Во овој момент тешко е да се процени колкав број од овие пациенти нивното влошување се должи на аерозагадувањето, бидејќи во истиот период владеат и вирусните инфекции. Тие заедно претставуваат еден проблем кој ги полни нашите капацитети во моментов, истакна тој.

Доќиќ потенцира дека секогаш во овој период постои сезонско зголемување на бројот на пациентите, што секако зависи и од временските услови и од загадувањето кое сокогаш во есенските месеци е поголемо.

-Аерозагадувањето е проблем не само на нашата земја, туку на цела Европа. Тоа е нешто со што се соочуваат и развиените земји. Новите аерозагадувачи, тоа е една група на гасовити супстани, оксиди на азотот, азотен моноксид, азотен диоксит, понатаму озонот, издувните гасови од дизел горивата, и секако ПМ честичките кои доста беа популарни во минатиот период. Независно од тоа за кои од овие загадувачи станува збор, главен извор е индустријата, и сите оние објекти кои користат нафта или јаглен како енергетска подлога и секако издувните гасови од моторните возила, образложи доктор Доќиќ.

Аерозагадувачи влијаат и врз здравите лица, така што прават едно лесно воспаление, почнувајќи од носот, па се до најситените дишни патишта.

Доќиќ вели дека ова воспаление не е толку јако да предизвика симптоми, меѓутоа ги прави нивните дишни патишта преосетлици на надворешни фактори кои доколку се здрави и би дишеле чист воздух не би предизвикале никаков проблем.

-Се разбира поголем проблем имаат хронично- болните пациенти, пред се пациентите со астма и со хронична- опструктивна белодробна болест, кои веќе имаат хронично воспаление на своите дишни патишта. Така што, аерозагадувањето ги зголемува симптомите како што се кашлица, гушење, свирење во градите, стегање во градите или болка. Тоа е индивидуално, секој пациент различно го чувствува. Од таа причина, овие мерки кои Владата ги презема се за поздрав со цел граѓаните на Македонија да имаат почитст воздух, посочи Доќиќ.

За тоа како да се заштитиме и колку може здравата храна тука да помогне Доќич вели:

„Нормално, основно е чистиот воздух. Се надевам дека ќе се остварат овие мерки до крај и дека ќе имаме. Меѓутоа во периоди не погодуваат, секако доколку има време добро е човек да отиде во повисоките места каде што нема смог и магла.

Поврзано со здравата храна, нормално ја поздравувам кампањата за здрава храна, бидејќи во здравото тело има и здрав дух. Сето тоа е поврзано, чиста воздух, здрава храна- здрав човек. На секој човек би му препорачал да зема антиоксиданси, кои се наоѓаат во витамиот Ц, во зеленчукот, овошјето, бидејќи го намалуваат штетното дејство на аерозагадувачите. На тој начин ќе ги намалат симптомите кои ги имаат од аерозагадувањето“.

03.11.2014 - 09:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега