Tрагедија: Три девојчиња загинаа на Ноќта на вештерките

 

Три девојчиња, од кои две биле близначки, облечени во костуми за Ноќта на вештерките, кои "коледареле" во гратчето Санта Ана во Оринџ Каунти, ги загубија животите кога ги прегазил џип, јавуваат медиумите во Калифорнија, САД.

Кратко после несреќата вчеравечер, двајцата мажи кои биле во џипот го оставиле возилото на околу 800 метри од местото каде удриле во девојчињата и избегале пеш.

Сведоци на несреќата биле 8-годишно девојче и нејзиниот татко, кои виделе дека во возилото има двајца мажи. Несреќата се случила на место каде ограничувањето e 25 милји, односно 40 километри на час, а според првичната истрага џипот возел со брзина од 50 милји, односно 80 километри на час.

02.11.2014 - 10:30

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега