Совршен ден за прошетка

Времето претпладне во Македонија ќе биде променливо облачно со појава на ниска облачност и утринска магла по котлините и речните долини. Попладне облачноста насекаде ќе се намали.

Утринската температура ќе се движи од минус три до пет, а дневната од 11 до 17 степени.

Во Скопје претпладне ќе има појава на ниска облачност и слаба магла, а попладне ќе има сончеви периоди. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 15 степени. 

И натаму продолжува период на стабилно и суво време, по котлините и речните долини со појава на ниска облачност и слаба утринска магла.

02.11.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега