Метеоролозите велат ќе имаме супер ден за прошетка

Недела ќе донесе подобро време во однос на сабота. Ако сабота донесе разведрување во релативно мал дел од Македонија, недела, иако локално ќе започне со ниска облачност, депак во поголем дел од земјата потоа следува разведрување. Повторно на повисоките планини денот ќе помине во генерално ведро и сончево време.
Минималната температура во поголем дел од земјава ќе има вредност околу 3°С.
Максималната ќе достигне вредност околу 12°С во северната половина на земјата  Југозападниот регион очекува максимална до 13°С. Југоисточниот регион очекува максимална температура од 15 до 17°С.

 

Во Скопскиот регион повторно ќе има услови за подолго задржување на ниската облачност, но за разлика од сабота, оваа облачност се очекува делумно да се расчисти во текот на денот. Минималната температура ќе има вредност околу 3°С. Дневниот максимум на температурата на воздухот ќе достигне вредност околу 13°С.

01.11.2014 - 23:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега