Гардата на „Република Илирида“ од денеска патролира во местата каде што живее албанското малцинство во Македонија

Гарда на „Република Илирида“ од денеска патролира во сите места каде што живеат Албанци, објави порталот tetova1.com повикувајќи се на комуникето што го добиле од оваа организација.

Штабот на т.н  гарда информира дека ќе имаат полициско обезбедување во  градовите што припаѓаат кон Илирида и дека нивите цели се многу јасни.

- Целта на гарада ќе биде конфронтација со луѓето што ги продадоа албанските интереси. Согласно интересите на „Република Илирида“ ќе дејстуваме се додека нашата платформа не влезе во Женевската конвенција- стои во соопштеението на оваа организација.

Припаднците на гардата ги замолуваат луѓето што ќе ги сретнат да бидат мирољубиви , бидејќи тие немаат намера да прават лошо никому. Како што велат, Република Илирида е реалност и никој нема право да ја саботира.

01.11.2014 - 17:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега