Владата воведува еколошки ред- Макстил затворена, Југохром со преполовено производство

Со мерките што ги превзеде Владата за заштита на животната средина е направен првиот чекор за воведување на еколошки ред. По истекувањето на  рокот од страна на Владата за исполнување на еколошките стандарди што им беа дадени на компаниите Макстил и Југохром, челичарницата на Макстил e затворена, а производството на Југохром преполовено.

vlada-500

Ова е стратешка одлука на македонската Влада, базирана на еколошки, социјални и економски аргументи, но пред се базирано на еколошките стандарди. Владата не покажа колебливост и стана првата Влада која ревносно се бори и успева да овозможи исполнување на еко стандардите.

Заменик претседателот на Владата задолжен за економски прашања Владимир Пешевски денеска истакна дека досега 100 компании ги исполниле условите за обезбедување на интегрирана дозвола и исполнување на еколошките стандарди .

Според договорот со Владата челичaрницата на Макстил е затворена, а во наредните 4 месеци се очекува Макстил да продолжи со исполнување на еколошките стандарди и повторно да започне со работа. Со новите мерки Југохром ќе го намали производствот за 50 % со што емисиите на штетнии гасови во Тетово ќе бидат намалени од 60 до 70%.

-За останатиот дел од производството даден е определен рок од 2 години во кој што компанијата треба да ги исполни целосно стандардите. Очекуваме дека во овој рок целосно ќе бидат услогласени во најситните сегменти во производствот во однос на барањата што се во согласност со законот, истакна Пешевски.

Пешевски информира дека е даден временски рок од две години во кој компанијата ќе треба целосно да ги исполни стандардите. Според него, „Југохром“ од вкупно 29 активности предвидени во оперативниот план за усогласување за добивање интегрирана дозвола, исполнети се од оваа компанија 21 активност. После речиси 60 години од функционирањето на Југохром, прецизираше, првпат се преземаат конкретни мерки и чекори благодарение на оваа Влада.

Пешевски образложи дека со намалувањето на производството во Југохром од Јагуновце Владата водела сметка и за социјалниот момент за работниците и нагласи дека иако ќе биде намалено производтсвото Југохром нема да има право да го намали бројот на работници под 1100 од моменталниот  1250 работници. Југохром 150 работници ќе може да ги прераспредели на други работни позиции, а доколку бидат отпуштени на привремен одмор тоа ќе може да биде најмногу 6 месеци и потоа ќе има обврска да ги врати на работа.

Образложи дека на овој чекор со преполовување на производството на Југохром се одлучиле бидејќи ако Југохром  бил затворен никогаш немало да бидат исполнети еколошките стандарди, работниците ќе останат на улица, а регионот мртов. Тој потенцираше дека 1250 семејства живеат директно од Југохром и уште 4000 семејства како кооперанти. Со ваквата мерка ќе се намали загадувањето, а работнците ќе ги зачуваат своите работни места.

Министерот за животна средина и просторно планирање Нурхан Изаири истакна дека со овие мерки нема целосно да бидат исполнети еколошките стандарди во Тетово, но одлуката е условна и предвидува исполнување на конкретни чекори, а ќе има и силни контроли. 

01.11.2014 - 16:38

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа