Одлука за спорот меѓу Србија и Хрватска до февруари

Претседателот на Меѓународниот суд на правдата во Хаг Пeтер Томкa најави во Генералното собрание на ОН дека пресудата за спорот по тужбата од Хрватска и противтужбата од Србија за геноцид ќе биде донесена пред обновување на судскиот процес во февруари идната година.

Томка, при поднесувањето на годишниот извештај за работата на судот, изјави дека пресудата ќе биде донесена пред замената на судиите во февруари во рамките на редовното тригодишно обновување на судиите, пишува весникот „Политика“. 

Според Томка во тек е расправа за случајот и дека се работи на пресудата, откако во март во судот беше одржана јавна расправа на која Хрватска и Србија повикаа на кршење на Конвенцијата за спречување и казнување на геноцид.

Главната расправа во Хаг по тужбата поднесена од Хрватска против СР Југославија во 1999 година и противтужбата од Србија во 2010 година се одржа од 3 март до 1 април годинава.

01.11.2014 - 13:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега